Колев: Норвешка е посилна од Исланд, но нема зошто да се плашиме…

arbervil baner

Кирил Колев против Исланд го одигра својот најдобар натпревар во репрезентативниот дрес, но искусниот чувар на мрежата е свесен дека денешниот дуел ќе биде уште потежок од оној последниот во групната фаза.

Норвешка е посилна репрезентација отколку Исланѓаните, јасно е дека станува збор за сериозна репрезентација што игра максимално квалитетен ракомет. Играат побрзо отколку Исланѓаните, со многу „вкрстувања“, така што можат да бидат многу опасни и нема да ни биде лесно да ги неутрализираме. Како и да е, ние немаме зошто да се плашиме од нив, веруваме во себе дека можеме да одиграме егал-меч, па со малку среќа и да славиме на крајот“ – истакна Колев.

Колев и Трајковски остануваат на голот на Македонија и на овој натпревар откако Червар беше принуден да направи уште една замена поради повредата на Дејан Манасков.

Се вчитува...