Колкави се буџетите на тимовите во Ф1?

На патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн викендов стартува новата сеозна во Формула 1. Шампионската титула ја бранат Луис Хамилтон и Мерцедес кои и во новата сезона влегуваат како први фаворити. Но, но и со најголем буџет меѓу десетте тимови во октанскиот циркус.

Мерцедес за новата сезона во Формула 1 располага со буџет од 450 милиони евра. Зад Мерцедес е тимот на Ферари со буџет од 430 милиони евра, а трет е Ред Бул кој за оваа сезона ќе има на располагање 350 милиони евра. Со најмал буџет во Ф1 шампионатот ќе вози Форс Индија со „само“ 110 милиони евра.

Колку пари издвојува еден тим во Формула 1 за сезоната, може драстично да влијае на неговиот настап и на резултатите. Развојот на болидите во текот на сезоната е клучен за успех. Тоа најдобро го докажа тимот на Ред Бул со радикалната промена на перформансите од почетокот до крајот на минатата година.

Се вчитува...