Колку плаќаат тимовите за настап во Ф1 шампионатот?

Светската автомобилска федерација (ФИА) го обајви списокот со таксите што треба да ги платат тимовите во Формула за учество во наредната сезона. Според системот усвоен во 2013 година, секој тим треба да плати основна сума од 516.128 долари и дополнителна сума која се пресметува врз основа на освоените бодови во последната сезона.

Така, шампионот во конкуренција на конструктори, тимот на Мерцедес, секој освоен бод ќе го чини уште по 6.194 долари, а за другите тимнови сумата по освоен бод е 5.161 долар. Но, вкупната сума за германскиот тим сепак, ќе биде пониска во однос на лани. Со воведувањето на новите правила, Мерцедес имаа малку понестабилна сезона во однос на претходните. Откако почна нивната доминација во 2014 година, сезонава Германците собраа најмалку поени – 668, што значи дека ќе платат и намала такса во последните три години. За учество во Ф1 шампионатот во 2018 година, Мерцедес треба да плати 4,6 милиони долари што е за речиси половина милион долари помалку од лани.

Ферари не ја освоија шампионската титула, но собраа повеќе бодови од лани  и ќе платат 640 илјади долари повеќе. Ред Бул има 100 бода помалку од 2016. Форс Индија, Рено, Хаас и Заубер ќе плаѓаат повеќе, а Вилијамс, Торо Росо и Мекларен помалку.

Вкупно, од партиципацијата на тимовите за 2018, во ФИА треба да легнат 16.276.544 долари.

Такси за тимовите во Ф1 за 2018:

Мерцедес – 4.653.720 долари

Ферари – 3.210.170

Ред Бул – 2.415.376

Форс Индија – 1.481.235

Вилијамс – 944.491

Рено – 810.305

Торо Росо – 789.661

Хаас – 758.695

Мекларен – 670.958

Заубер – 541.933

Се вчитува...