Коман приведен, ја претепал бившата девојка

Фудбалерот на Баерн Минхен, Кингсли Коман, е приведен поради насилство. Тој завршил во притвор, затоа што ја претепал својата поранешна девојка. Морала да интервенира полицијата, која го привела, но потоа тој е пуштен на слобода, а ќе мора набрзо да се појави на суд.

Девојката е одведена во болница и е задржана на дополнителни прегледи.

Коман својата кариера ја почна во ПСЖ, потоа се пресели во Јувентус,а сега е член на Баерн Минхен.

Се вчитува...