Комити ќе го бојкотираат мечот со Фенербахче

Навивачката група “Комити” одлучи да го бојкотира натпреварот меѓу Вардар и Фенербахче и побара од сите вардарци да не купуваат билети за натпреварот од плејоф колото од Лигата на Европа. Покрај тоа, на 17 август во 19 часот, еден час пред стартот на натпреварот Комитите ќе изразат протест пред Јужната трибина на арената.

Соопштението на Комити Скопје го објавуваме во целост.

Одлуката на управата на ФК Вардар да ја даде јужната трибина на гостинските навивачи е крајно дрско, несериозно и непрофесионално. Ваквиот однос на управата према сите Скопјани, Вардарци , Комити не смее да биде премолчен затоа ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ засегнати, СИТЕ ВАРДАРЦИ И КОМИТИ, да не купувате билети за натпреварот и да ни се придружите пред јужната трибина на 17.08.2017год. во 19:00 часот за да го изразиме нашиот револт, револтот на сите Скопјани, на сите генерации поминати, на сите оние кои животот го поминаа на југ . Западот ве повикува сите Македонци 17.08.2017, 19:00 сите пред јужна ! ЈАВИ СЕ ЈУЖНА !! ЈУЖНА Е ВАРДАР !! ЈУЖНА СМЕ СИТЕ НИЕ !!!

30 ГОДИНИ КОМИТИ ЗАПАД

Се вчитува...