„Комити“ конечно ќе може да гостуваат некаде: Академија Пандев подготвува „спектакл“ со Вардар!

Од раководството на Академија Пандев се одлучија, за разлика од претходните првенствени натпревари, да ги отворат вратите на сите трибини на стадионот „Младост“ за неделниот натпревар против Вардар во Струмица.

Како што информираат од клубот, овој пат за гостувањето на шампионот ќе бидат отворени вратите и на Северната трибина на стадионот. Покрај тоа најавено е и гостување на околу 200 до 300 членови на најверната навивачка група на Вардар, „Комитите“ кои конечно ќе може да гостуваат некаде.

Како што е познато, мал е бројот на стадионите во Македонија на кои, поради безбедносни причини, се дозволуваа присуство на гостински навивачи. Токму поради тоа ограничени се гостувањата и на „Комитите“ кои сега ќе го бодрат Вардар во Струмица.

„Спектаклот во недела ќе го комплетираат гостинските навивачи. Вардар до нас најави присуство на „Комити“ на овој натпревар, а тие ќе бидат сместени на Западната трибина која е зад еден од головите“ – информираат од ФК Академија Пандев.

Се вчитува...