Комплетно подмладување на репрезентацијата: Повик за Дени Илиев, со нова одбрана против Израел и Албанија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
21/09/2017 23:50
Кошарка
21/09/2017 19:55
Кошарка
21/09/2017 18:28
Фудбал
21/09/2017 13:48

Комплетно подмладување на репрезентацијата: Повик за Дени Илиев, со нова одбрана против Израел и Албанија

Комплетно подмладување на репрезентацијата: Повик за Дени Илиев, со нова одбрана против Израел и Албанија

Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот репрезентативци за престојните квалификациски натпревари против Израел и против Албанија за пласман на СП 2018 во Русија.

Како и што можеше да се очекува Ангеловски со комплетно подмладена селекција оди на престојните дуели, со повик за добар дел од младите репрезентативци кои настапија на ЕП во Полска.

Комплетно подновена е и одбраната во репрезентацијата, со деби сениорски повик за голманот на Арсенал, Дени Илиев. Во дефанзивата ќе ги нема Ванче Шиков и Даниел Мајсов, а на нивно место како стопери доаѓаат Дарко Велковски и Ѓоко Зајков.

Од младинските репрезентативци повик во А тимот добија и Висар Муслиу од Вардар, Кристијан Тошевски, Енис Барди, Бобан Николов, Давид Бабунски, Елиф Елмас, Никола Ѓоргев и Марјан Радески, а деби повик има и за Љупчо Дориев од Академија Пандев.

Собирот на репрезентација е на 28. август во хотел „Гранд Плаза“ во Скопје. Против Израел играме на 2. септември во Хаифа, а Албанија ја пречекуваме во Струмица на 5. септември.

СПИСОКОТ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА НАТПРЕВАРИТЕ СО ИЗРАЕЛ И СО АЛБАНИЈА

 

список

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.