Конечно, победа: Вардар го декласираше Гумерсбах

Ракометарите на Вардар попладнево стигнаа до својата прва победа во подготвителниот период, совладувајќи го Гумерсбах со 37-26 во мечот за третото место од турнирот што се игра во Германија. Откако во првата контрола загубија од второлигашот Бергишер, а вчера беа декасирани од Некар Левен, избраниците на Раул Гонзалес денеска се покажаа во одлично светло, импресивно совладувајќи го домаќинот на турнирот.

Само петнаесетина минути траеше отпорот на Гумерсбах, откако Дибиров со добра игра во одбраната овозможи „црвено-црните“ да поведат со 9-6, за потоа предноста да се зголемува до крајот на полувремето и на одмор да се замине со седум гола разлика (18-11). Преостанатите 30 минути беа рутина за актуелниот европски првак, кој лесно ја одржа предноста се до самиот крај и конечните 37-26.

Се вчитува...