Конечно Втора лига под рефлектори и кај нас стаса: Беласица подобра од Саса (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Каква е фудбалската инфраструктура во земјава доволен показател е и што кај нас, во 21-от век, дочекавме ретка можност да се „радуваме“ на второлигашки натпревар под рефлектори.

Струмичка Беласица се одлучи дуелот од 3. коло во Втората лига – Исток против Каменица Саса да го одигра во вечерниот термин, и успеа повеќе од заслужено да слави со 1-0, благодарение на голот на Ѓорѓе Џонов во 30. минута.

По овој триумф струмичани се единствената екипа во двете второлигашки конкуренции, Исток и Запад, со максимален ефект по првите три кола издвојувајќи се како најсериозен кандидат во источната конкуренција за враќање во домашната елита…

[new_royalslider id=”774″]

ФОТО: ЕКИПА… (Дејан Џингарски)

Се вчитува...