Конте го менува фокусот, Боатенг би можел на „Стемфорд бриџ“

Англискиот првак Челси сака да ја засили конкуренцијата во одбраната, а менаџерот Антонио Конте го смени фокусот. Иако во преден план досега му беше можноста за ангажман на Леонардо Бонучи, стоперот на Јувентус, сега се насочува кон дефанзивецот на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Џером Боатенг.

Тој се мачеше со повреди изминатата сезона во германскиот бундеслигаш, но неговите квалитети се неспорни, а и веќе има искуство од Премиер – лигата, со оглед дека во сезоната 2010/11 го носеше дресот на Манчестер сити. Челси е подготвен да плати 35 милиони фунти за да го доведе Боатенг на „Стемфорд бриџ“ ова лето.

Се вчитува...