Конте: Мурињо да престане да го гледа Челси, и да посвети внимание на својот тим

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, по вчерашното реми со Рома (3-3) одговори на критиките на Жозе Мурињо, кој претходно истакна дека одредени тренери само „плачат и плачат“ поради повредите на своите играчи.

„Мурињо често гледа што се случува во Челси. Тоа го правеше и минатата сезона, мислам дека треба да престане да ги гледа другите и да посвети повеќе внимание на својот тим. Речиси истиот тим излегува на терен уште од претсезонските подготовки. Не се работи за повреди, туку се обидуваме да го извлечеме најдоброто од тимот. Имаме три повреди во екипата, не седум или осум, но гледајќи на кои позиции сме хендикепирани, можам да кажам дека тоа е вондредна ситуација за нас“, вели Конте.

 

Се вчитува...