Конте: Не е точно…, Кјелини не доаѓа во Челси!

Менаџерот на Челси, Антонио Конте демантираше дека постои можност стоперот на Јувентус, Џорџо Кјелини, да заврши во тимот од Лондон.

„Искрено, се се тоа само шпекулации. Нема шанса Кјелини да дојде во Челси. Тој секако е фантастичен фудбалер, но мислам дека тој би сакал да ја заврши кариерата во Јувентус. И мислам дека тоа е сосема исправно размислување од негова страна“ – вели Конте.

Челси вечерва го очекува големото лондонско дерби против Арсенал…

„Почна преодниот рок и сега сите се насочуваат само кон шпекулациите. Но, на нас е да останеме максимално фокусирани на самите натпревари. Сакаме добра игра против Арсенал, сакаме со убав фудбал да го заокружиме дербито“ – коментира стратегот на тимот од „Стемфорд бриџ“.

Се вчитува...