Конте: После Нејмар, сега просечни играчи ќе вредат 50 милиони евра

Бразилецот Нејмар го оствари најголемиот трансфер во историјата на фудбалот со преминот од Барселона во Пари Сен Жермен за сума од 222 милиони евра. Тоа секако е почеток на нова револуција и зголемување на трансфер маркетот во европскиот клупски фудбал. Менаџерот на англискиот првак Челси, Антонио Конте, смета дека сега и просечните фудбалери ќе вредат повеќе од 50 милиони евра.

„Нејмар е еден од најдобрите фудбалери во светот. Таквите играчи имаат тенденција кариерата да ја завршат во еден клуб, во ако се одлучат да го променат тимот, тогаш мора да се прифати реалноста дека ќе мора да се плати огромна сума за трансфер. Но, мене повеќе ме загрижува фактот што после овој трансфер на Нејмар и оние просечни фудбалери ќе вредат повеќе од 50 милиони евра. Инаку, што се однесува до Бразилецот, работата е навистина комплексна. Ако ПСЖ може да си дозволи да плати 222 милиони евра, зошто да не го купи Нејмар?!“, вели Антонио Конте.

Се вчитува...