Конте сака нови засилувања: Перишиќ доаѓа во Челси?

Англискиот првак Челси имаше очаен старт на сезоната во Премиер – лигата изминатиов викенд, откако загуби на „Стемфорд бриџ“ од Барнли со 2-3. Тоа го активираше алармот во клубот, а менаџерот Антонио Конте јасно и стави на знаење на управата дека сака нови засилувања. Челси се соочува во моментот и со неколку повреди, и тоа може да биде кобно за тимот и одбраната на шампионската титула, доколку наниже неколку негативни резултати.

Затоа Конте знае што сака, Хрватот Иван Перишиќ да пристигне на „Стемфорд бриџ“. Тој беше голема желба и на Жозе Мурињо ова лето, но Интер ги одби сите напади и најави дека ќе му понуди нов договор, со годишна плата од 6 милиони евра.

Сепак, Челси може да понуди и многу повеќе, а Премиер – лигата и настапот во Лигата на шампионите секако би биле голем предизвик за одличниот крилен играч на „нероаѕурите“. Се очекува Челси многу брзо да испрати официјална понуда од 50 милиони фунти.

Се вчитува...