Конте смисли нов план: Агуеро и Караско во нападот

Ниту Мората, ниту Белоти, ниту пак Обамејанг, Конте ќе го купува Серхио Агуеро за да ги предводи „сините“ за следната сезона. Иако звучи изненадувачки, Гвардиола бил му дозволил на Аргентинецот на направи трансфер во клубот од западен Лондон. Познато е дека шпанскиот стратег не го смета како прва опција во нападот, доаѓањето на Габриел Жесус во зимскиот преоден рок, го стави во сенка миленикот на „граѓаните“ кој им ја донесе титулата во 2012 година, по драматичната завршница.

Ова нема да прв пат Челси да се интересира за услугите на Аргентинецот. Пред трансферот во Сити, Атлетико прво се имаше договорено со Челси, но во последен момент Агуеро се определи за Манчестер. Гол-машината на Сити, кун Агуеро на 181 премиерлигашки натпревар има постигнато 122 гола откако пристигна во 2011 година.

Јаник Караско може да биде новиот Белгиец кој ќе го носи дресот на Челси. „Сините“ се подготвени да издвојат 50 милиони фунти за крилото на Атлетико, но шпанскиот клуб стои зад тоа дека ниту еден првотимец нема да го напушти тимот во овој преоден рок. Пред се’ поради што не немаат дозвола да доведат соодветни замени, па може да се повтори случајот со Гризман и Манчестер јунајтед.

Антонио Конте ја посакува поранешната мета на Мурињо. Португалецот исто така го бараше овој фудбалер кога ги предводеше петкратните шампиони на Англија.

Шпанските медиуми известуваат дека Челси е пред комплетирање на трансферот на Данило од Реал Мадрид. Десниот бек ги договорил условите со клубот од островот, останува Реал да се согласи на одредената сума, наводно проценета на 30 милиони евра.

Се вчитува...