Конте вели Мората е повреден, а тој си танцува со сопругата (видео)

Менаџерот на Челси, Антонио Конте, веќе извесно време не може да смета на Алваро Мората кој се мачи со повреда на грбот, или барем тоа се информациите кои ги посочи самиот стратег. Но, се чини дека Мората нема никакви проблеми со грбот бидејќи неговата сопруга објави видео на „Инстаграм“ како танцува со напаѓачот на „сините“.

Видео записот е објавен на еден ден пред натпреварот на Челси против ВБА кој треба да се одигра вечерва, а бидејќи Конте истакна дека не знае дали и кога воопшто Мората ќе се опорави, клубот од Лондон има само една опција во нападот за следните неколку натпревари, Пливие Жиру.

Рекордното засилување на англискиот првак си создаде група на „хејтери“ откако беше „нападнат“ на социјалните мрежи токму поради видеото. Голем број фанови на Челси претпоставуваат дека Шпанецот лаже за својата повреда само да помине повеќе време со сопругата.

 

Ti amoooo amichetto del cuore @alvaromorata ❤️

A post shared by ALICE (@alicecampello) on

Се вчитува...