Копенхаген победнички доаѓа во Скопје

Данскиот шампион, екипата на Копенхаген со победа во домашното првенство ја заврши “генералката” пред дуелот од 3. квалификациско коло за Лигата на шампионите против Вардар.

Данците во 2. коло од домашното првенство триумфираа со 0-3 (0-1) на гостувањето против Рандерс. По ремито во претходното коло, Копенхаген сега славеше со погодоците на репрезентативецот на Кипар, Сотириои во 9. и во 92. минута, како и српскиот интернационалец Павловиќ кој погоди за 0-2 во 62. минута.

Експедицијата на Копенхаген во понеделник доаѓа во Скопје каде во вторник (25. јули) од 20 часот на “Телеком арената” ги очекува пресметката со македонскиот шампион.

Се вчитува...