Кошаркар на Чикаго „заби“ спектакуларно и ги остави забите на паркетот (фото + видео)

Кошаркарот на Чикаго булс, Крис Дан на мечот против актуелниот НБА шампион Голден стејт доживеа страшна повреда при контра – напад на неговата екипа. Во обид атрактивно да забие и да постигне поени, Дан остана момент повеќе обесен на обрачот по што се преврте и падна директно со лицето на паркетот.

Кошаркарот при самиот пад скрши два заба и буквално остави трага на паркетот, а по медицинските прегледи е утврдено дека во тие моменти имал и потрес на мозокот.

Се вчитува...