Кошаркарките против Италија, Шведска и Хрватска во квалификациите за ЕП!

Женската сениорска репрезентација на Македонија доби исклучително тешка група во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонските девојки, според денешната ждрепа за 32 селекции кои ќе учествуваат во квалификациите, се во група со Италија, Шведска и Хрватска.

Вкупно 32 земји низ квалификациите ќе го бараат патот до ЕП, а Латвија и Србија како земји домаќини на групните фази беа изземени од ждребот и автоматски се квалификувани на првенството. На нив ќе им се придружат уште 14 репрезентации кои од ноември ќе ја започнат битката за пласман на Европското првенство.

kvalifikacii za zeni

Согласно календарот за натпревари, првите два натпревари од евроквалификациите ќе бидат одигран во  ноември оваа година, потоа следи пауза до февруари (втор прозорец) кога ќе се одиграат два натпревари, а финалните квалификациски натпревари ќе бидат одиграни во ноември 2018 година.

Првопласираните од групите се пласираат на првенството, како и шестте најдобри второпласирани репрезентации.

Се вчитува...