Младинските репрезентативки ги добија противниците за ЕП 2017 година - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Младинските репрезентативки ги добија противниците за ЕП 2017 година

Младинските репрезентативки ги добија противниците за ЕП 2017 година

Македонската кошаркарска федерација одново ќе биде домаќин на Европско првенство за млади кошаркарки. Наредната година, македонската куќа на кошарката ќе го организира младинското континентално првенство за кошаркарки, дивизија Б  (до 16 години) кое ќе се одржи од 17 август до 26 август во Скопје.

Македонската репрезентација на денешниот ждреб во Прага ги доби противниците против кои ќе се обиде да стигне до што подобар пласман.

Во рамки на групата Б, Македонија ќе се натпреварува против репрезентациите на Белгија, Словенија, Ирска, Украина и Молдавија.

zeni

Кошаркарките до 18 години кои в година ќе се натпреваруваат на Европското првенство на денешниот ждреб беа сместени во групата Д. Во периодот од 4. до 13. август во Даблин, македонската репрезентација до 18 години ќе разигрува против Велика Британија, Словачка, Ирска, Молдавија и Украина.

u18 zeni

 

 

 

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.