Кошиелни ја одби понудата на Олимпик Марсеј

Францускиот интернационалец Лорен Кошиелни останува во таборот на Арсенал најмалку уште една сезона. Тој ја одби понудата на Олимпик Марсеј вредна 30 милиони фунти за да се врати во татковината и да го облече дресот на овој клуб.

Кошиелни веќе седум сезони е член на Арсенал, а сега е повеќе од сигурно дека ќе остане и осма година на “Емирати”. Арсенал во претстојната сезона нема да настапува во Лигата на шампионите, но ниту тоа не го премисли искусниот дефанзивец да го напушти клубот.

Се вчитува...