Кошиелни: Проблемот на Арсенал е во психологијата

Арсенал секогаш е при врвот во Премиер – лигата, но повеќе од една деценија нема титула. И во Лигата на шампионите редовно го завршува својот пат пред да следи вистинската завршница и битката за трофејот. Дефанзивецот Лорен Кошиелни смета дека проблемот не е во квалитетот на тимот, туку во психологијата.

„Имаме многу подеми и падови во текот на сезоната. Тоа значи дека проблемот ни е психолошки, а не ни недостига фудбалски талент. Не сме константни во игрите, треба да победуваме во континуитет за да издржиме во трката за шампионската титула во Англија. Исто е и со Лигата на шампиониоте. Еден лош натпревар може да биде кобен, како дуелот со Баерн Минхен на „Алијанц арена“. Но, не се предаваме, иако имаме голема негатива од првиот меч во Германија“, истакна Кошиелни.

Арсенал загуби со 5-1 на гостувањето на „Алијанц арена“ и ќе му биде потребно вистинско чудо за да успее да го елиминира германскиот првак Баерн Минхен.

Се вчитува...