Костадинов го постигна својот прв гол за Ружомберок сезонава

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Тихомир Костадинов го постигна својот прв гол сезонава во дресот на словачкиот прволигаш Ружомберок.

Костадинов го одигра второто полувреме на гостувањето против Сеница каде Ружемборк славеше со 0-3, со погодоци постигнати токму во вториот дел. Македонскиот репрезентативец беше стрелец на вториот гол за гостите во 69. минута.

По овој триумф, Ружомберок со 22 бода е на четвртата позиција во шампионатот на Словачка, со осум бода помалку од водечката Спартак Трнава, а три помалку од второпласираната Слован Братислава.

Се вчитува...