Костоски се повреди при најновиот пораз на Питешт

Екипата на Питешт го претрпе и третиот пораз во низа во романскиот шампионат, губејќи на домашен терен од шампионот Орадеа со 76-86. Многу поголем проблем за тренерот на Питешт, Христу Сапера, претставува повредата на македонскиот репрезентативец, Александар Костоски, кој настрада при еден дуел со кошаркарите на Орадеа, па ја пропушти завршницата од оваа средба. Станува збор за проблем со левата нога, а во следните 24 часа лекарите на Питешт би требало да ги дадат и првите прогнози околу должината на паузата на македонскиот плејмејкер.

За мене многу поголем проблем е што Костоски се повреди отколку што загубивме од Орадеа. Стравував дека може да ни се случи повреда на некој клучен играч, за жал тоа се оствари. Не знам точно за каква повреда станува збор, се надевам на добри вести од лекарите за наскоро да можеме повторно да го имаме Костоски во тимот. Ова е клучен дел од сезоната за нас и искрено се надевам дека Ацо Костоски ќе може да ни помогне“ – изјави тренерот Сапера.

Македонскиот репрезентативец потпиша за Питешт кон крајот на 2016 година и веднаш се промовираше во еден од лидерите на оваа екипа. Костоски беше меѓу најзаслужните што Питешт се пласираше во Топ 6 разигрувањето за титулата, но по трите порази во низа оваа екипа падна на шестата позиција на табелата.

Се вчитува...