Кожув го шокираше Гостивар, Куманово подобар од Охрид

Кошаркарите на Кожув изненадувачки славеа против Гостивар пред своите навивачи со 77-76 во 13. коло од Првата македонска кошаркарска лига.

Гевгеличани успеаја да му го нанесат и петтиот пораз на Гостивар сезонава, а засебе запишувајќи ја четвртата победа наспроти девет порази.

Кожув беше подобар во првите три периоди од играта кои ги добија со 9 поени разлика. Гостивар се обиде да се врати во последната четвртина но не успеа да стигне до комплетен пресврт. Кожув до победата го водеше феноменалниот Мишковиќ со 25 поени и 10 скока.

Куманово, пак, славеше против Охрид со 105-97. Охриѓани одлично го започнаа мечот со предност од 14-29 по првата четвртина, но потоа домашните ја презедоа контролата на играта и резултатот во свои раце, стигнувајќи до триумф.

Караџовски со 22 поени, Стајиќ со 18 поени, Штерјов со 17 поени и Ковач со 16 постигнати поени беа најдобрите поединци кај Куманово, додека Јунаковиќ со 36 поени и Кенет со 24 поени беа најдобрите кај Охрид АВ.

Куманово по оваа победа се израмни со Гостивар на четвртата позиција на табелата со 8 победи и 5 порази, додека остана на седмото место со шест победи и седум порази.

Се вчитува...