Кожув реагира: Зошто МЗТ МОРАШЕ да слави во Гевгелија?

Раководството на КК Кожув преку соопштение до јавноста изрази незадоволство од неколку аспекти од саботниот натпревар со МЗТ Скопје, на кој македонскиот шампион успеа да слави во Гевгелија. Домаќините сметаат дека се оштетени, па преку следното соопштение укажуваат на спорните моменти што се случуваа за време на оваа средба.

Соопштението на КК Кожув го пренесуваме во целост:

Прво,КК Кожув им ја честита победата на гостите од Скопје.

КК Кожув од Гевгелија сака да ја извести целокупната спортска јавност во Р.Македонија за случувањата на кошаркарскиот натпревар помеѓу КК Кожув и МЗТ Скопје одигран на 18.03.2017 во рамките на второто коло од плеј-оф од македонската кошаркарска супер лига во спортската сала 26 Април во Гевгелија.

Ве известуваме дека во прекрасен амбиент и преполна спортска сала, наместо да биде празник на кошарката ,на натпреварот помеѓу КК Кожув и МЗТ Скопје македонската кошарка го достигна своето дно.

Кога веке Карпош Соколи и МЗТ Скопје отскокнуваат со квалитет и меѓусебно ќе го решаваат прашањето кој ќе биде новиот шампион,зошто во Гевгелија МЗТ Скопје МОРАШЕ да го добие натпреварот. Дали неуспехот на МЗТ Скопје во АБА лигата и покрај огромните истрошени финансиски средства доведе до фрустрација кај управата и стручниот штаб на МЗТ Скопје,па сега комплексите ќе ги лечат во салите низ Р.Македонија.Убедени дека се голем клуб,уште еднаш ги покажаа манирите карактеристични за мал клуб.

Во текот на целиот натпревар на клупата на МЗТ Скопје беше буквално како на пазар,сите станати цело време викаа, маваа со рацете, парадираа, а посебна приказна беше циркузантот Назор кој кога сакаше си влегуваше на теренот. Мекич (репрезентативец) си дозволи од клупата да стане и да го удри Штерјов и нормално не доби исклучување.

Зошто беше дозволена агресивна одбрана без граници врз нашиот најдобар играч МкНил врз кого не беа досудени најмалку 10 лични грешки ???

На овој натпревар НЕМАШЕ СУДЕЊЕ,едноставно и КК Кожув и гевгелиската публика беа потценети од страната на судиската тројка предводена од галантниот Мицевски, кој погледот цел натпревар не го тргна од семафорот да не отиде резултатот во погрешен правец…

Дали можеби некој сакаше да иницира инцидент на овој натпревар или прекин на натпреварот (во тој случај КК Кожув ќе беше дисквалификуван и пренесен во понизок ранг) ???

КК Кожув ги исполни амбициите зацртани на почетокот на сезоната, но се прашуваме што со СПОНЗОРИТЕ и ПУБЛИКАТА кои беа сведоци на овој срам на кошарката. Која е улогата на Македонската кошаркарска федерација и дали кошарката во Р.Македонија се игра за еден,два клуба и хонорари за службените лици.??? Разбудете се, и така македонската кошарка е навлезена во огромна криза РАЗБУДЕТЕ СЕ да не доживее вистински колапс.

На крајот сакаме да се заблагодариме на играчите на КК Кожув и на нашата прекрасна публика и навивачи кои не подлегнаа на провокациите на судиите и гостинската клупа и уште еднаш покажаа како се сака клубот.

КК Кожув и покрај овие случувања спортски ќе ги доигра останатите натпревари како што му доликува на голем клуб, затоа што ние не сме МЗТ Скопје,без разлика на тоа дали играме во прва,втора или трета лига.

СПОРТСКИ ПОЗДРАВ

КК Кожув Гевгелија

Се вчитува...