Крај на една ера: Урната арената „Абди Ипекчи“ (ВИДЕО)

Спортскиот комплекс „Абди Ипекчи“ во Истанбул заминува во историјата како храм на големи спортски доживувања, особено кошаркарски, со тоа што е одлучено да се сруши и да се изгради нова, модерна арена. Спортскиот комплекс ќе ја задржи својата намена да се одржуваат настани од сите сфери во спортот, но пред се, комплексот најмногу ќе го употребува кошаркарската репрезнтација на Турција како место во кое ќе се подготвуваат за идните светски и европски првенства.

Храмот кој за прв пат беше отворен во 1989 година, името го носеше на познат турски новинар, а како најпознати настани ќе се паметат ФИБА Лига на шампиони фајнл-фор 1992 година, ФИБА Европски куп финале 1995 година, финалната фаза од Евробаскетот 2001, како и натпреварите од Светското првенство во 2010 година.

Се вчитува...