„Кралевите“ без Рамос и против Гранада

Реал Мадрид денеска (13 часот) ја пречекува Гранада на „Сантијаго Бернабеу“ во рамките на 17.коло во Примера, а тренерот Зинедин Зидан повторно ќе го нема на располагање капитенот Серхио Рамос. Тој се уште не ја надмина повредата и доби дополнителен период за одмор и рехабилитација.

Но, за разлика од куп – натпреварот со Севилја, во тимот се враќа најдобриот фудбалер на „кралскиот клуб“, Кристијано Роналдо, кој е подготвен да им помогне на соиграчите да стигнат до нови три бода во шампионатот. Покрај Португалецот, во навалната линија Зидан може да смета и на Бензема, Мората и на Диаз.

Се вчитува...