„Кралевите“ се кралеви – И по 12-ти пат на врвот на Европа! (ФОТО + ВИДЕО)

Реал Мадрид запиша историја како прв тим на кого му успеало да ја одбрани титулата во формата на Лигата на шампионите, откако стигна до 12-от свој европски трофеј во историјата со победата од 1-4 (1-1) против Јувентус во финалето на ЛШ кое се играше во Кардиф.

Јувентус беше подобра екипа во првото полувреме. Стартуваа поагресивно веднаш со првата можност преку Миралем Пјаниќ чиј одличен удар во 7. минута го одбрани Навас.

Тимот од Торинот го диктираше ритамот на мечот, но први до водство дојдоа „кралевите“ со голот на Кристијано Роналдо во 20. минута.

Cristiano Ronaldo Goal HD – Juventus 0-1 Real… by fotlive

Радоста не траеше долго, откако Марио Манџукиќ со прекрасен гол во 27. минута успеа да израмни, за 1-1 на полувремето.

Mario Mandzukic Goal HD – Juventus 1-1 Real… by Goals_online

Во второто полувреме, Реал Мадрид целокупната задача си ја заврши за само три минути. Најпрво во 61. минута Кашемиро со шут од околу 25 метри донесе предност од 1-2 за Шпанците, за потоа и Кристијано Роналдо со својот втор гол на мечот да зголеми на 1-3.

sjhgsdjcljdscbjsdbsk by soccerhub3651Cristiano Ronaldo 2nd Goal HD – Juventus 1-3… by fotlive

До крајот, тимот на Зинедин Зидан успешно ја контролираше играта, а откако Квадрадо во 84. минута го заработи и вториот жолт картон веќе беше јасно дека Реал Мадрид ќе стигне и до својата 12-та титула европски шампион!

Сето тоа заокружено со 1-4, со погодокот на Асенсио во 90. минута…

Marco Asensio Goal Juventus 1 – 4 Real Madrid… by Score5

Се вчитува...