„Кралевите“ спасуваа бод со Лас Палмас на „Сантијаго Бернабеу“

Шокантен натпревар за Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“. Избраниците на Зинедин Зидан губеа со 1-3 и едвај спасија бод на дуелот со Лас Палмас. Останаа без Герет Бејл уште во 47.минута, кој заработи црвен картон и го остави тимот на цедило. По ова реми, Реал Мадрид го загуби и првото место на табелата и сега има бод помалку од Барселона, иако има и еден одигран натпревар помалку.

„Кралевите“ први поведоа со голот Иско во осмата минута, но само две минути подоцна израмни Тана.

На стартот од вториот дел Бејл направи голема глупст и заработи црвен картон, и тогаш почнаа неволјите за Реал. Потоа Серхио Рамос направи пенал, а Виера во 56.минута го претвори во водство за гостите. Три минути подоцна катастрофална грешка направи Кејлор Навас, кој истрча надвор од шеснаесетникот, ја промаши топката, а Боатенг зголеми на 1-3.

По ова „кралевите“ тргнаа во силни напади и тоа резултираше со израмнуање. Роналдо од пенал намали во 86.минута, а три минути подоцна Португалецот со удар со глава донесе реми.

All Goals Highlights HD Real Madrid 3 -3 Las… by 87tarasRonaldo C. (Penalty) GOAL HD – Real Madrid 2-3… by 87tarasCristiano Ronaldo 2nd Goal HD – Real Madrid 3-3… by marcelinocortese

Се вчитува...