„Кралот“ го водеше Кливленд до триумф, Вестбрук повторно одличен во триумфот на Оклахома

Втора едноподруго победа запишаа кошаркарите на Денвер, овој пат славејќи против Вашингтон на гости со 100-108 во еден од синоќешните дуели во НБА лигата.

Предводници во триумфот на Денвер беа српскиот кошаркар Никола Јокиќ и Мари со по 25 постигнати поени, а Бартон запиша 23 поени. Кај Вашингтон се издвои Бредли Бил со 24 поени, 5 асистенции и 4 скока.

Минесота по два порази врза две победи и сигурно чекори кон плеј-офот, победувајќи со 104-108 на гости против Њујорк. Најефикасен во победничкиот тим беше Карл Ентони-Таунс со 24 поени, 13 скока и 3 асистенции, а одлични беа и Гибсон со 18 поени како и Немања Бјелица со 17 поени, кои имаше и 6 скока и две асистенции.

ЛА Клиперс се во лош ритам кои загубија од Индијана со 104-109. Во таборот на Индијана, Бојан Богдановиќ беше одличен со 28 поени, 5 скока и три асистенции, додека кај Клиперси, Милош Теодосиќ постигна 10 поени.

Мајами загуби од Оклахома со 99-105. Победничкиот тим го предводеше Расел Вестбрук со 29 поени, 13 скока и 8 асистенции.

Кливленд го победи Феникс со 120-95 со одлична партија на Леброн Џејмс кој постигна 27 поени, 9 асистенции и 6 скока.

Кошаркарите на Портланд го запишаа и вториот едноподруго пораз на свој паркет. Синоќа подобри од нив беа кошаркарите на Бостон кои славеа со 100-105. Бостон до триумфот го водеше феноменалниот Маркус Морис со 30 постигнати поени.

Се вчитува...