„Кралот“ Леброн и неговиот „принц“: Син ми е подобар од мене! (ВИДЕО)

НБА ѕвездата, Леброн Џејмс, има достоен наследник во својот 12-годишен син Леброн Џуниор. Кошаркарот на Кливленд за својот син вели дека е подобар од него во тие години.

Џуниор е најстариот наследник на „кралот“ во НБА. Вториот син, Брус Максимус е три години помлад, а ќерката Зури има две години.

Леброн Џуниор настапува за тимот „Блу чипс“ во рамките на Американскиот аматерски шампионат, а стручњаците веќе му предвидуваат голема НБА кариера и прво место на драфтот.

lebron so sinot

Не бев толку вешт со топката како него кога имав 12 години. Тој тоа го прави извонредно и шутира многу подобро отколку што го правев тоа јас“ – вели Леброн Џејмс.

Тројниот НБА шампион и три пати МВП во големото финале, истакнува дека неговиот син има една негова особина што посебно го радува.

„Тоа ми е можеби и најубавото сеќавање од тој период во мојот живот – асистенциите. Се сеќавам дека имаше огромен број на оние што ја „давеа“ топката. Јас никогаш не бев таков. Мојот карактер не е таков и мило ми е што и мојот син ја поседува истата особина. Отсекогаш ги барав соиграчите, знаејќи дека така и тие ќе го доживеат истото возбудување кога ќе постигнат кош. Тоа е нешто многу уникатно за деца на таа возраст“ – смета Леброн.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/166f2713d6e158f3d86d2131a543d10a.mp4″]

Иако е горд на својот син и со уживање го гледа неговиот спортски напредок, Леброн Џејмс сепак, смета дека се треба да оди по својот природен тек и дека тој пред се треба да ужива во своето детство, а кариера да гради кога ќе дојде време за тоа. Токму поради тој став кошаркарот на Кливленд остро реагираше кога пред извесно време новинарите му соопштија дека Дјук и Кентаки веќе имаа подготвени понуди за Џуниор.

„Тоа е лудо. Таквите работи треба да се сметаат како кршење на правилата, мора да се воведе забрана за вакво нешто. Не е нормало да врбувате десетгодишно дете!“ – реагира Леброн Џејмс.

[vionvideo url=”http://ekipa.mk/video/59649723295f34081c77b92b7aad7693.mp4″]

Се вчитува...