„Кралот“ од „Олд трафорд“ ќе дебитира за Франција

Селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешамп, го објави списокот фудбалери за претстојните подготвителни натпревари на Франција, а на него едно пријатно изненадување. Напаѓачот на Севилја, Висар Бен Једер, фудбалерот кој со двата погодоци на „Олд трафорд“ го елиминираше Манчестер јунајтед од ЛШ, се најде меѓу 25. фудбалери кои треба да настапaт против репрезентациите на Колумбија и Русија.

Голгетерот на Севилја за прв пат ќе добие шанса да го облече националниот дрес, секако по заслуга, бидејќи сезонава е доста ефикасен за шпанскиот тим.

Покрај него, шанса за деби добива и младиот дефанзивец на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез, за кого Шпанија и Франција се „тепаат“ да го придобијат, со тоа што има двојно државјанство. Фудбалерот се уште нема забележано сениорски настап за ниту една селекција, па доколку истрча на терен на една од овие две средби ќе ги разреши сите дилеми за неговата идина на репрезентативно ниво.

Натпреварите се закажани кон крајот на овој месец, со Колумбија ќе играат на „Стад де Франс“ на 23. март, додека на 27. март ќе го пробаат теренот на „Крестовски“ во Санкт Петербург против домаќинот на СП, Русија.

 

Се вчитува...