„Кралот“ си ја одбрани круната и во Скопје

Европскиот првак Реал Мадрид го одбрани трофејот во Суперкупот на Европа и ја продолжи доминацијата на континентот, совладувајќи го Манчестер јунајтед со 2-1, во мегаспектклот што се одржа на македонско тло, на „Телеком Арена“, во Скопје. Кашемиро и Иско беа стрелци за „кралскиот клуб“, а Ромелу Лукаку го постигна погодокот за „црвените ѓаволи“ на овој натпревар.

„Кралевите“ го почнаа мечот со поголема самодоверба и многу поофанзивно. Во 16.минута Кашемиро ја погоди гредата со удар со глава, но осум минути подоцна Бразилецот успеа да го пронајде патот до мрежата по асистенцијата на Дани Карвахал. Реал Мадрид ја контролираше играта и диктираше темпо и сосема заслужено замина на одморот со еден гол предност.

benzema mancester

На саниот почеток од вториот дел, Иско го зголеми водството на европскиот првак на 2-0. По двојното поигрување со Герет Бејл, играчот за врска излезе сам пред Давид Де Хеа и рутински погоди во спротивниот агол.

Манчестер јунајтед почна да игра со поголема смелост дури откако прими два гола. Мурињо нареди офанзива, а тоа резултираше и со погодок. Само една минута откако Герет Бејл ја погоди гредата, на спротивната страна Ромелу Лукаку ја затресе мрежата на Кејлор Навас. Матиќ шутираше кон голот, Навас ја одби топката, натрча Лукаку и во 62.минута намали на 2-1. „Ѓаволите“ го добија импулсот и тргнаа по втор погодок, за израмнување.

isko mancester

Во 80.минута, Рашфорд имаше одлична шанса, излезе сам пред голманот, но Кејлор Навас го одбрани неговиот удар. Во завршницата, на теренот влезе и најголемата ѕвезда, Кристијано Роналдо, кој сепак го започна мечот од клупата за резерви. Асенсио се закани за трет гол во судиското продолжение, но Де Хеа регираше извонредно. Сепак, „кралот“ си ја одбрани круната и во Скопје.

Casemiro Goal HD – Real Madrid 1-0 Manchester… by riqeziIsco Goal Real Madrid 2 – 0 Manchester United… by ZidaneHDRomelu Lukaku Goal HD – Real Madrid 2… by Football–Live

Се вчитува...