„Кралот“’ Зизу: Седум трофеи, само седум порази и победи во сите финалиња

Зинедин Зидан уште еднаш покажа дека е вистинскиот човек за Реал Мадрид. Човекот што го препороди „кралскиот клуб“ и ја прекина доминацијата на Барселона. Французинот вчера го освои седмиот трофеј откако седна на клупата на „кралевите“ во период од само 19 месеци.

zidan so trofeite

Интересно е дека Зидан со Реал Мадрид досега доживеа само седум порази, а освои исто толку титули. Се редеа трофеи…два во Лигата на шампионите, два пехари во Суперкупот на Европа, една титула во Ла Лига, трофеј од Светското клупско првенство и вчера, Суперкупот на Шпанија. Сето ова на Зидан и Реал Мадрид им успеа за нецели 19 месеци.

Зад францускиот стратег има уште еден фантастичен податок. Реал Мадрид под водство на Зидан одигра шест финалиња и ги победите сите, кревајќи го трофејот во своите раце.

 

Се вчитува...