„Кралска“ доминација во Суперкупот на Шпанија

Реал Мадрид го освои Суперкупот на Шпанија, откако ја совлада Барселона со 2-0 и на „Сантијаго Бернабеу“, во реванш натпреварот од ова натпреварување. „Кралевите“ беа доминатни во двомечот со големиот ривал, со оглед дека славеа и на „Камп Ноу“ пред три дена со 1-3.

Тренерот Зинедин Зидан го одреди составот без суспендираниот Кристијано Роналдо, но и без Иско и Герет Бејл, кои останаа на клупата за резерви, па, сепак, и така Реал Мадрид доминираше против Барселона, која очигледно не може да се соземе и преструктуира по заминувањето на Нејмар.

Марко Асенсио постигна прекрасен погодок во четвртата минута, кога со удар од далечина ја собра пајажината од голот на Тер Штеген. Пред крајот на првиот дел, Карим Бензема во 39.минута зголеми на 2-0, по што беше јасно дека Суперкупот на Шпанија ќе му припадне на тимот на Реал Мадрид.

Waht Amazing Goal Asensio (1-0) Real Madrid vs… by videosansebastianKarim Benzema Goal HD – Real Madrid 2-0… by esprit-foot

Се вчитува...