„Кралски“ ритам на шампионот, Сан Антонио израмни со Хјустон

Кливленд поведе со 2-0 во серијата од полуфиналето на Истокот против Торонто, додека Сан Антонио израмни против Хјустон на 1-1 во Западната конференција во рамките на НБА плејофот.

Леброн Џејмс демонстрираше нова „кралска“ партија и со 39 поени, 6 скока и 4 асистенции ги остави гостите без шанси за триумф од 125-103.

Двоцифрени кај Кливленд уште беа и резервистите Ченинг Фрај со 18 поени и Шамперс со 14 поени. Кај гостите најдобар беше резервистот Јонас Валанчунас со 23 поени.

Сан Антонио, пак, израмни во пресметката со Хјустон откако победи со 121-96. Блескаше Кавај Ленард со 34 поени, 8 асистенции и 7 скока, додека кај гостите потфрли Џејмс Харден со само 13 поени.

Во составот на Сан Антонио квалитетна партија одигра и Тони Паркер со 18 поени и четири асистенции, а Ламаркус Олдриџ запиша 15 поени и осум скока.

Најефикасен кај Хјустон беше Рајан Андерсон со 18 поени и 8 скока, а се истакнаа уште и Ерик Гордон со 15 поени и Клинт Капела со 14 поени.

Се вчитува...