Крауч уште една година во Стоук

Искусниот англиски напаѓач од редовите на Стоук, Питер Крауч, уште една година ќе го носи дресот на овој клуб, откако беше обелоденето продолжување на соработката.

За Крауч се појавија шпекулации дека би можел да ги засили Сандерленд или Астон Вила, но тој ќе остане во редовите на Стоук до 2018 година.

Неговиот тим после 20 одиграни натпревари се наоѓа на 11. позиција на табелата во Премиер – лигата, со 24 освоени бода, девет повеќе од Сандерленд кој е на загрозувачката 18. позиција. Крауч го носи дресот на Стоук од 2011 година, а досега настапи на вкупно 186 натпревари и постигна 49 погодоци во сите конкуренции.

Се вчитува...