Крис Пол од следната сезона во Сан Антонио?

Одличниот плејмејкер на Лос Анџелес клиперс, Крис Пол, од идната сезона би можел да го носи дресот на Сан Антонио спарс, открива „ЕСПН“. Овој олстар-бек размислува за промена на средината, а раководството на Сан Антонио е подготвено  да ги исполни сите негови желби за да го доведе во Тексас.

Грег Попович, според информациите на „ЕСПН“, инсистира на овој трансфер, со оглед дека Крис Пол би донел нов квалитет во неговиот состав, по што „мамузите“ повторно би го нападнале и пласманот во големото НБА финале.

 

Се вчитува...