Кристијано Роналдо подготвен за „Ел класико“

Кристијано Роналдо со влегувањето во последните минути од Суперкупот против Јунајтед, најави дека е подготвен и се очекува да биде во стартниот состав за првиот дуел против Барселона. Во рамките од шпанскиот Суперкуп, првата средба од двомечот ќе се одигра на „Камп Ноу“ со почеток во 22:00 часот, а „Ел класико“ со настапот на Роналдо може да се каже дека ќе биде комплетно и подготвено за спектакл.

Најдобриот поединец на „кралевите“ имаше продолжен одмор поради обврските со репрезентацијата по завршувањето на клупската сезона. Роналдо ја предводеше Португалија во Купот на конфедерации, а по успешната сезона со Реал, заслужено отсуствуваше од летните подготовки. Неговото појавување на арената „Филип Втори“ беше прво за оваа сезона, а за тие десетина минути се подготвуваше само три дена. Зидан пред истиот меч истакна дека Роналдо е подготвен во секое време, без разлика што ги пропуштил подготовките.

Реваншот во Суперкупот на Шпанија е закажан за 16. август на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...