Крсте Велкоски двоен стрелец на Тајланд

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски беше двоен стрелец за својот тим Након Рачасима во првенството на Тајланд. Тој ги постигна двата гола за Након Рачасима во ремито (2-2) на домашен терен против Патаја, што воедно се и дебитански за Велкоски во четвртиот меч од шампионатот.

Патаја прва поведе на овој меч, но Велкоски израмни во 37.минута, а потоа на стартот од вториот дел од пенал донесе и водство за Након Рачасима. Сепак, гостите до крајот успеаја да го израмнат резултатот на оваа средба.

Се вчитува...