Крстески и Арсеновски предвреме го завршуваат настапот на СП во Алжир

Средниот бек Горан Крстески и пикерот Филип Арсеновски поради повреди не ќе можат да настапат на утрешниот натпревар на машката младинска ракометна репрезентација  против Русија во борбата за 5.место на СП (У21) во Алжир. Според сериозноста на повредите, двајцата македонски репрезентативци најверојатно нема да играат ни на завршниот меч за пласман во недела.

Крстевски го повреди рамото, а Арсеновски во осминафиналето со Алжир го повреди зглобот на ногата и не настапи ни на четвртфиналниот меч со Франција.

На последните два натпревари на младинците на СП во Алжир, неизвесно е дали и колку ќе може да игра и Марко Нелоски кој исто така е повреден и ќе биде на клупата под терапија.

Во изминативе десет дена, младинците одиграа седум натпревари, пет во групната фаза и потоа уште два во соминафиналето против Алжир и во четвртфиналето во кое беа елиминирани од Франција. До крајот на шампионатот им останувата уште два натпревари во разигрувањето за пласман од 5 до 7.место, утре против Русија и во недела завршниот меч против Тунис или Унгарија, зависно од утрешните резултати.

Се вчитува...