Кубица ќе го замени Маса во болидот на Вилијамс

Полскиот возач, Роберт Кубица по подолга пауза одново се враќа во Формула1. Според веста што ја пренесе РТЛ, Кубица веќе потпишал двегодишен договор со тимот на Вилијамс. Во британскиот тим, Кубица ќе го замени Фелипе Маса кој на крајот од сезоната ја завршува кариерата.

Според информациите на медиумот двете страни веќе го парафирале договорот, но тоа официјално ќе биде објавено по затворањето на сезоната која завршува викендов со тргката во Абу Даби.

Кубица (32) се натпреваруваше во Формула 1 од 2007 до 2010 година. Кариерата принудно му беше прекината во февруари 2011 кога доживеа тешка несреќа на автомобилско рели во Италија.

Тој стана првилот полски возач со победа во Формула 1 во 2008 година кога како возач на Заубер триумфира на трката за ГН на Канада.

Кубица годинава се врати на патеката и напарави над 250 круга во двете тест возења за Рено потврдувајќи дека физички е потполно подготвен одново да се натпреварува во фоемула 1. Минатиот месец Кубица имаше и тест возење за Вилијамс на патеката „Силверстоун“ со кое го убеди раководството на британскиот тим дека може да се натпреварува на највисоко ниво.

Се вчитува...