Александар Петровиќ е изборот на раководството на Куманово за нов тренер на оваа екипа, откако Игор Михајловски пред два дена реши да се повлече од кормилото на „сино-белите“. Во игра за оваа фунција беа уште неколку домашни и странски стратези, но кумановци на крајот го избраа Петровиќ како стратег со богато искуство на домашната кошаркарска сцена.
„Се договоривме за соработка и верувам дека ќе успееме да ја помрднеме ситуацијата во позитивна насока. Целта е да се стигне до Супер-лигата во домашното првенство, како и во разигрувањето во БИБЛ. Исто така, желба ни е да ги собереме најдобрите деца од Куманово и да работиме на нивни напредок во периодот што следи“ – изјави Петровиќ за ЕКИПА.
Овој стручњак најголем дел од тренерската кариера мина во МЗТ Скопје, а последен ангажман во Првата лига му беше како кормилар на Карпош соколи. Петровиќ првиот тренинг ќе го одржи утре, ќе дебитира во БИБЛ против Тирана, а во првиот натпревар од домашното првенство ќе го има на домашен терен против МЗТ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА