Куманово казнето со 95.000 денари, Пелистер ќе треба да плати 500 евра - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Кошарка
12/12/2017 22:01
Ракомет
12/12/2017 17:39
Ракомет
12/12/2017 11:00
Коментари
11/12/2017 12:49

Куманово казнето со 95.000 денари, Пелистер ќе треба да плати 500 евра

Куманово казнето со 95.000 денари, Пелистер ќе треба да плати 500 евра

Тимот на Куманово беше поразен на дерби дуелот на првото коло против Работнички, но многу страшни за кумановци од загубените бодови сигурно се изречените казни за односот на навивачите во салата, во висина од огромни 95.000 денари.

Откако беше најавено повеќекратно зголемување на казните, Комесарот за натпреварување Владо Цветковски тоа го претвори во дело почнувајќи од самиот старт на сезоната.

Во соблекувалната на сл.лица нема доволно столчиња и закачалки.Поради лоши услови за играње (лоша состојба на паркетот) гостинската екипа барала да се одложи натпреварот, но со неколку дополнителни разговори и преговори и со потпишување на согласност за одигрување на натпреварот натпреварот започнал со 10 минутно задоцнување. Паркетот во салата во многу лоша состојба има 5 критични места каде може некој да се повреди и тешко се контролирала топката. Во салата осветлувањето слабо. Нема соодветна ограда помеѓу линијата за ограничување од 2 метри, каде се разделени трибините за седење на публиката. Екипата на КК Куманово со различни хеланки на своите играчи. Екипата на КК Работнички нема лого на МКФ. Неспортско навивање кон противнички играч од навивачите на КК Куманово 2009. Плукање на неодговорен гледач, на играч на КК работнички при изведување на аут позади бочните линии, опоменати преку разглас. На неколку наврати фрлени метални пари, како и фрлање на меки предмети и семки при што публиката била повторно опомената. Во салата имало доволен број редари и полиција кои придонеле за безбедна организација на натпреварот како и безбедно напуштање на салата на сл.лица и гостинската екипа. Останатото без забелешки од страна на обете екипи и службените лица“ – се вели во службениот записник за натпреварот.

Врз основа на тоа, Цветковски денеска ги изрече следните казни за поранешниот вицешампион на Македонија:

kumanovo kazni

Покрај кумановци, најлошо мина Пелистер, кој е казнет со 30.000 денари поради националистичко навивање на битолските фанови во финишот од средбата против Шкупи. Иако голем дел од мечот минал во мирна атмосфера, трибините почнале да се полнат за ревијален ракометен натпревар што следел по кошаркарскиот дуел, тогаш започнало и националистичкото навивање за кое „пелистерци“ сега ќе треба да платат казна од околу 500 евра.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.