Куманово победнички се прошета низ Струмица (62-79)

Куманово стигна и до својата десетта победа во Првата македонска кошаркарска лига, славејќи во 14. коло на гостувањето против Струмица со 62-79 (17-24, 11-17,26-14,8-24).

Од самиот почеток на натпреварот беше јасно дека кумановци лесно ќе ја оправдаат фаворитската улога. На полувремето имаа предност од дури 13 поени, што навести победа на гостувањето во Струмица.

Во третиот период домашните кошаркари успеаја да се вратат во игра, стигнувајќи и до само пет поени негатива (54-59), но со далеку подобра игра во последната четвртина Куманово стигна до заслужениот триумф.

Предводник во победата на Куманово беше Мијатовиќ со 26 поени, а 17 поени запиша Пековиќ. Во домашниот тим најдобар беше Јокиќ со 20 поени, додека со 15 поени натпреварот го заврши Стефановски.

Куманово е на третата позиција на табелата со 10 победи и четири порази, зад водечкиот Фени Индустри и второпласираниот Работнички.

Се вчитува...