Куманово повторно во БИБЛ-лигата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Фудбал
22/11/2017 18:33
Фудбал
22/11/2017 17:40
Кошарка
22/11/2017 13:30
Фудбал
22/11/2017 11:10

Куманово повторно во БИБЛ-лигата

Куманово повторно во БИБЛ-лигата

Екипата на КК Куманово ќе биде вториот македонски претставник во БИБЛ-лигата оваа сезона. Вицешампионот од минатата година го пријави конечниот список за претстојната сезона, за „кумановци“ ова е петто севкупно учество во ова натпреварување.

Тимот на Игор Михајловски е осмата екипа која го потврди своето учество во регионалната лига, по актуелниот првак Берое заедно со останатите бугарски претставници КК Левски Софија и КК Академија Пловдив, како и македонскиот дебитант, КК Блокотехна. Веќе познати учесници се КК Ибар од Црна Гора, КК Тирана од Албанија и КК Башкими од Косово.

Куманово се добро позната екипа во БИБЛ-лигата. Од сезона во сезона постигнуваа се подобри резултати, дури беа во конкуренција да го освојат пехарот минатата година. Берое сепак беше преголем „залак“ за екипата од Куманово, и во двата меча доживеаа пораз од Бугарите, кои беа во улога на фаворити.

Распоредот од натпреварите за сезоната 2017/2018, Куманово ќе го дознае на 7. септември.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.