Куп: Ќе има мегадуел Вардар – Шкендија…Шкупи реши да се брани, Вардар тоа го казни

Македонскиот првак Вардар се пласира во четвртфиналето на Купот на Македонија совладувајќи го Шкупи со 0-2, во реванш натпреварот од осминафиналето во најмасовното фудбалско натпреварување. Во четвртфиналната фаза ќе следи мегадуел меѓу Шкендија и Вардар, што секако ќе го привлече вниманието на фудбалската јавност во нашата земја.

IMG_4407

Шкупи одлучи да го брани резултатот (1-1) од првиот меч, што беше минимална предност за тимот од Чаир, со оглед дека тој дуел го играше како гостин, но составот на Ардијан Нухиу не издржа до крајот. Во првото полувреме одбраната беше цврста, иако вардарци имаа неколку изгледни шанси, но бедемот попушти во 64.минута. Бобан Николов го отвори резултатот со удар со глава по одличниот центаршут на Дејан Блажевски.

IMG_4609

Во 82.минута, Максим Максимов постиггна и втор гол за Вардар, со што беа разрешени сите дилеми околу патникот во четвртфиналето.

Се вчитува...