Куп на Македонија: Металург – Вардар веќе во полуфиналето

Вардар и Металург ќе ги одмерат силите веќе во полуфиналето од Купот на Македонија, е резултатот на денешната ждрепка што беше извршена во просториите на Ракометната Федерација на Македонија. Фајналфор турнирот од Купот на Македонија ќе се одржи во Битола на 20 и 21 мај, во коорганизација на Ракометната Федерација на Македонија и на клубот Еурофарм Работник, кој за првпат во својата историја ќе биде дел од битката за трофејот.

Работник во второто полуфинале ќе ги одмери силите со Охрид, дуел што реално според квалитетот ќе биде во сенка на пресметката меѓу Металург и Вардар, два тима кои водат битка и во шампионатот на Македонија.

Што се однесува до женскиот Куп на Македонија, завршниот турнир ќе се одигра во Скопје на 19 и 20 мај, а домаќин ќе биде Металург. Фаворитот Вардар ќе се сретне со тимот на Гевгелија, додека Металург ќе ги одмери силите со Прилеп.

Се вчитува...