КУП НА МАКЕДОНИЈА: Шкендија и Работнички во финални 90 минути за четвртфинале!

Шест натпревари се денеска на програмата во рамките на реванш пресметките од осминaфиналето во Купот на Македонија. Најинтересната секако во Тетово каде Шкендија ќе биде домаќин на Работнички.

По оние први 1-1 од Скопје, тетовци секако се со предност на патот кон четвртфиналето, но од Работнички најавуваат дека ќе се борат се додека имаат и најмала шанса за продолжување понатаму во најмасовното домашно клупско натпреварување.

„Шкендија игра на домашен терен и има поволен исход од првиот меч, но ние нема да се предадеме и ќе се трудиме максимално да оствариме резултат што ќе не води во следната рунда од натпреварувањето во Купот на Македонија. Јасно е дека ќе мора да нападнеме, ме радува што создадовме неколку шанси на мечот против Ренова, иако реализацијата на беше на потребното ниво. Но, тој натпревар е веќе зад нас и сега сме фокусирани на куп-дуелот со Шкендија“ – вели шефот на стручниот штаб на „романтичарите“, Горан Станковски.

Главен судија на натпреварот ќе биде Марјан Гоцевски од Струмица, а ќе му помагаат Горан Манасиев (Велес) и Петар Новачев (Велес). Четврти судија на натпреварот е Фуркан Идризи (Тетово).

Интересно ќе биде и во Струмица, каде Академија Пандев силно посакува пласман во четврфиналето. „Пандевци“ ќе мора да анулираат предност од еден гол на кратовци од првиот дуел.

Најубедлива предност, пак, има Скопје од 3-0 против Еуромилк ГЛ, па се очекува тимот од Автокоманда без поголем проблем да се пласира во следната рунда натпревари.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – ОСМИНАФИНАЛЕ (реванш дуели, 14:30 ч.)Струга Трим Лум – Ренова (2-3)Шкендија – Работнички (1-1)Победа – Брегалница (3-2)Борец – Пелистер (2-4)Еуромилк ГЛ – Скопје (0-3)Академија Пандев – Силекс (0-1)ВЧЕРАТЕТЕКС – Кожуф 3-2 (2-2)

  • Во заградата се резултатите од првите средби

ВАРДАР – ШКУПИ (8. и 29. ноември)

Се вчитува...